Во Македонија ја сакаат демократијата но не се толерантни

Демократијата е добар политички систем за 82,7 отсто од граѓаните на Македонија. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на агенцијата „Рејтинг“. Околу 80 проценти од граѓаните се религиозни и за нив религијата претставува апсолутен стандард.
Нивото на толеранција меѓу луѓето и натаму останува ниско особено кон пет категории луѓе - соседи кои се зависници од дрога, зависници од алкохол, луѓе со криминално досие, лица заболени од сида и хомосексуалци. Споредено со 2008 година, зголемена е толерантноста кон луѓе од други етнички заедници, од друга вера и хомосексуалци, а за прв мнозинството испитаници - 56,6 проценти покажуваат толеранција кон Ромите.