Најмалку 17 загинати и уништена полициска станица во Киркук.

Судир меѓу туркменските и курдските студенти во Киркук

При ексоплозија на две бомби поставени пред полициска станица во Киркук загинаа најмалку 17 луѓе а десетици се ранети.
Првата бомба експлодирала на паркинг пред станиуцата, а кога полицајците истрчале надвор од станицата одекнала втората експлозија во автомобил паркиран во близина. Станицата е тешко оштетена.
Киркук е 290 километри северно од Багдад и со години беше место на нетрпеливост меѓу курдите, арапите и туркмените кои сметаат дека имаат право врз нафтените наоѓалишта.