Тирана состанок на Прекуграничниот проект за Преспанскиот басен

Преспанско езеро

Заедничкиот борд на Прекуграничниот проект за интегрирано управување со Преспанскиот басен денеска во Тирана ќе одржи состанок, на кој ќе биде извршен преглед на активностите во прекуграничната компонента на Проектот, остварениот напредок во националните компоненти, а е предвидено да се утврдат и активностите за наредниот период.
На средбата што се одржува под раководство на УНДП, предвидено е меѓу другите свои излагања да имаат меѓународниот советник за прекугранични прашања, како и преставниците од трите држави што го делат Преспанското Езеро - Албанија, Македонија и Грција.