Гејтс - Нема докази дека Пакистан знаел каде се крие Бин Ладен

Жена си ја фотографира ќерката пред портата на куќата во Пакистан во која беше убиен Бин Ладен

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс и шефот на здружената команда Мајкл Мулен изјавија дека нема докази оти пакистанските власти знаеле дека убиениот лидер на Ал Каеда се крие во близина на воената академија во градот Аботабад во Пакистан. Гејтс, сепак, рече дека некој во Пакистан знаел каде престојува Бин Ладен.