Русија или ЕУ - Медведев со ултиматум за Украина

Димитриј Медведев

Рускиот претседател Димитриј Mедведев рече дека време е Киев да одлучи дали ќе ги зајакне врските со Русија или ќе продолжи со интегрирањето во Европската унија. „Не можете да бидете секаде – или ваму или таму“ рече Mедведев на до сега најголемата прес конференција за време на неговото претседателство. Лидерот дополни дека европските аспирации на Украина ќе го отежнат зачленувањето на земјата во царинската унија која Русија ја создава со соседните Казахстан и Белорусија.