Тринаесетмина убиени во Авганистан

Авганистанските власти соопштија дека 13 лица загинале а 20 се повредени во напад на бомбаш самоубиец во градот Јалалбад во источниот дел на земјата. Бомбашот ја детонирал експлозивната направа откако го судрил својот автомобил во комбе со полицајци. Меѓу загинатите има и цивили. Нападот се случува по неодамнешната најава на талибанските милитанти за „пролетна офанзива“ против властите и американските трупи во земјата.