6.900 полицајци ќе бидат ангажирани за изборите

Како што информира министерката Јанкулоска околу претстојните избори по разни основи ќе бидат ангажирани 6.900 полициски службеници. „Согласно акциониот план, веќе се одржани серија обуки, а до 30 мај односно непосредно до пред денот на изборите, обука ќе поминат близу 6.900 полициски службеници, што е и бројката на полициски службеници кои по разни основи ќе бидат ангажирани околу изборите“ изјави денеска министерката за внатрешни работи. Јанкуловска додаде дека ова е придонес на МВР во функција на создавање атмосфера за одржвуање слободни и демократски избори, избори на кои граѓаните ќе ја изразат својата волја врз основа на сопственото убедвуање без притисоци и влијанија од никој од надвор.