НАТО демантира дека либиските сили погодиле воен брод

НАТО ги демантира извештаите дека либијските сили погодиле еден од воените бродови на Алијансата во близина на брегот кај градот Мисрата. НАТО соопшти дека извештаите на либиската државна телевизија биле целосно измислени. Претходно, агенциите јавија дека најмалку седум луѓе биле убиени во борбите меѓу бунтовничките и владините сили во Мисрата, кој сега бил под контрола на бунтовниците.