Ван Ромпуј: Кинескиот јуан, глобална резервна валута

Херман Ван Ромпуј

Американскиот долар ќе остане важна валута и во наредните децении, но доаѓаат огромни промени во глобалната валутна сцена. Ова е мислењето на претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј кој денеска престојува во Шангај. Тој предвидува дека кинеската валута, јуанот, во иднина ќе игра важна улога како глобална резервна валута.