Средба на делегацијата на ПССЕ со Иванов

Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска ќе се сретне со делегацијата на комисијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа . Петчлена делегација е во дводневна предизборна мисија во Македонија. Делегацијата ја предводи пратеникот од Монако, Жан-Шарл Гардето од групата на Народните партии. Делегацијата ќе се сретне со претставници на власта и на политичките партии, како и со претседателот на ДИК, со шефот на мисијата на ОБСЕ и со претставници на граѓанското општество, медиумите и дипломатската заедница. Иванов денеска ќе ја прими и делегација на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за предвремените парламентарни избори, предводена од Џулијан Пил Јејтс.