ОБСЕ стравува за слободата на медиумите во Турција

Дуња Мијатовиќ

Организацијата за безбедност и соработка во Европа соопшти дека новиот закон за медиумите и цензурата врз интернетот, што наскоро треба да стапи во сила во Турција, може да ја ограничи слободата на медиумите и пристапот до информациите. Претставникот на ОБСЕ за медиуми Дуња Мијатовиќ изјави дека доколку се спроведе одлуката на Уставниот суд на Турција според која новинарите може да бидат судски гонети и по неколку години од објавените текстови , ќе значи дека новинарите кои критикувале постојано ќе работаат во страв од судски процес. Таа е против и цензурирањето на интернет-страниците во Турција.