Пакистан уапси важен член на Ал Каеда

Пакистанската војска соопшти дека уапсила висок оперативец на Ал Каеда, државјанин на Јемен кој бил дел од мрежата на Осама Бин Ладен. Според нивните информации уапсениот рботел по наредби на Ал Каеда долж границата на Пакистан со Авганистан. Пакистан се наоѓа под меѓународен притисок откако е убиен Бин Ладен на нивна територија, поради прашањето дали властите знаеле дека тој се криел во земјата или му помогнале да се крие.