Русија ќе се претвори во бојно поле, се закануваат милитанти

по нападите на московскиот аеродром

Лидер на исламистичка бунтовничка група во Северен Кавказ рече дека смртта на Осама бин Ладен нема да го спречи насилството и ја нарече Русија „бојно поле“. Доку Умаров, во изјава објавена на интернет страницата на милитантската организација, вели дека бојното поле е цела Русија а не само Чеченија и Северен Кавказ. Тој до сега ја има превземено одговорноста за неколку напади, меѓу кои и детонирањето на бомба во аеродромот во Москва, инцидент во кој загинаа 37 лица.