Премиерот на Пакистан во посета на Кина

Премиерот на Пакистан Јосуф Раза Гилани пристигна во Пекинг. За време на четиридневната официјална посета на Кина шефот на пакистанската влада ќе се сретне со кинеските лидери со кои ќе ја одбележи 60 годишнината од дипломатските односи меѓу двете земји. Посетата на Гилани се случува во услови на заострени односи меѓу САД и Пакистан по убиството на лидерот на Ал Каеда Осама бин Ладен.