ЕК смета дека Косово има силна европска перспектива

Европската Комисија смета дека Косово има силна европска перспектива, изјави денеска на прес-конференција во Брисел портпаролот на еврокомесарот за проширување Наташа Батлер. Портпаролот на високиот претствник за надворешна политика и безбедност на ЕУ Кетрин Ештон, Маја Коцијанчич, од своја страна, нагласи дека европската перспектива на Косово, не значи и членство. „Косово треба да ги исполни обврските поставени од ЕУ. На прво место борбата со корупцијата, рече Коцијанчич. Што се однесува до извештајот на Дик Марти за илегалната трговија со човечки органи во Косово, Коцијанчич рече дека тоа нема да се третира како политичко прашање. „Еуролекс води истрага за овој тежок случај, а по нејзиното завршување Европската комисија ќе го даде своето мислење“ изјави Коцијанчич.