Кралицата Елизабета во посета на Ирска


Британската кралица Елизабета денеска е во посета на Ирска, прва од ирската независност во 1921-ва година. За време на нејзината 4-дневна посета, во Ирска се засилени мерките за безбедност и ангажирани се околу 8.500 полицајци. Ирските националисти се на став дека кралицата не е добредојдена во Ирска.