Шефот на ММФ во озлогласен њујоршки затвор

Шефот на ММФ, Доминик Страус Кан

Шефот на ММФ, Доминик Страус Кан ќе биде префрлен во озлогласен затвор во Њу Јорк. Според официјалните лица од затворот Страус Кан ќе биде сместен во затворот Рикерс Ајланд, кој има околу 11 илјади затвореници. Претходно судијата му го одби барањето за кауција. Страус Кан се соочува со обвинение за обид за силување на вработена во хотел.