Шефот на ММФ пред суд, одбиено барањето за кауција

Првиот човек на Меѓународниот монетарен фонд Доминик Штраус Кан се појави пред судот во Њујорк, соочен со обвинениа за обид за обид за силување на вработена во хотел. Судијата го одби барањето за кауција и нареди директорот на ММФ да остане во притвор. Полицијата го уапси Кан во саботата, пред да полета за Париз. Неговите адвокати рекоа дека нивниот клиент ќе се изјасни за невин. „Сака жестоко да се брани од обвиненијата“ рече адвокатот на Кан Бенџамин Брафман. Во меѓувреме, адвокат на француската писателка Тристан Банон изјави дека таа би сакала да покрене обвиненија против Штраус Кан за сексуална злоупотреба во 2002 година.