Спахију: Поделбата на Косово би довела до насилство

Косовскиот аналитичар Неџмадин Спахију денеска изјави оти поделбата на Косово е опасен предлог бидејќи би можел да предизвика насилство. Коментирајќи ја изјавата на српскиот прв заменик-премиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ дека поделбата на Косово е реална опција, Спахију рече дека тоа е прв сигнал оти Белград е подготвен да се откаже од делот на територијата на која полага право. „Секое менување на границите подразбира конфликт... Никој не е подготвен поради така наречените национални интереси да ги напушти својата куќа и имот, а поделбата на терен би можела да донесе жртви“ дополни Спахију. Дачиќ во интервју за приштинскиот весник „Зери“ истакна оти идејата за поделба на Косово е единственото реално решение.