Блокиран центарот на Лондон поради закана за бомба

Британската полиција потврди дека го затворила центарот на Лондон поради закана за бомба од Ирските републикански парамилитанти денеска. Инцидентот се случува пред историската посета на кралицата Елизабета втора во Ирска. Станува збор за прва посета на британски монарх во Ирска откако земјата прогласи независност од Велика Британија.