Меѓународниот кривичен суд побара налог за апсење на Гадафи

Луис Морено Окампо

Меѓународниот кривичен суд побара издавање на налог за апсење на либијкскиот лидер Муамар Гадафи, неговиот син Саиф ал Ислам и шефот на исламската разузнавачка служба, поради насилното растурање на анти-владините протести во северноафриканската земја. Според Луис Морено Окампо, главниот обвинител на меѓународниот суд, Гадафи извршил криминални дела со цел да ја задржи власта во Либија. „Ние ги следиме доказите и сметаме дека тројцата кои денеска ги споменав се најодговорни“ рече Окампо.