„Вима“: Еврогрупата ќе признае дека Грција нема сили за излез од кризата

од протестите против владините мерки за штедење, воведени по задолжувањето на Грција

Грчката криза ќе биде главна тема на заседанието на Советот на министрите за финансии од еврозоната, попознат како Европгрупата, што вечер ќе се оддржи во Брисел и на која се очекува официјално да биде признато дека Грција нема сили за излез од кризата во наредните две години и да бидат разгледани условите за доделување нови кредити на земјата за периодот 2012-2013 година, објави атинскиот весник „Вима“. Медиумот наведува дека за Брисел веќе отпатувале членовите на т.н. надзорна тројка, составена од Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, кои претходно претстојуваа во Атина со цел да извршат проверка на финансиската состојба на Грција пред исплатата на петтата транша од кредитот во износ од 110 милијарди долари, што лани во мај и беше даден на земјата со цел да биде спречен банкрот.