Белорусија - Новинарката Ирина Калип доби две години условно

Ирина Калип

Судот во Белорусија денеска на две години условно ја осуди новинарката Ирина Калип, сопруга на затворениот лидер на опозицијата Андреј Саникау, за нејзината вмешаност во протестите против оспорениот повторен избор на претседателот Александар Лукашенко во декември минатата година.
Судот во Минск во саботата го осуди Саниукау на пет години, за организирање постизборни протести. Тој беше водечки опозициски кандидат на изборите, кои за опозицијата и за западните набљудувачи беа оценети како не фер и недемократски.