Почина кенискиот олимписки шампион Ванџири

Кенискиот олимписки шампион во маратон Семи Ванџири почина по падот од вториот спрат во неговиот дом во Наихуруру. Според полицијата, 24 годишниот Ванџири паднал по расправијата со сопругата и сега се истражува како дошло до падот.
Ванџири беше првиот кениец кој доби златен медал за Кенија во маратон на игрите во Пекинг во 2008 година.