Ноќеска на полноќ официјално почна кампањата на политичките партии и другите учесници на предвремените парламентарни избори што ќе се одржат на 5 јуни. Таа ќе трае до 3 јуни, а денот пред гласањето е изборен молк. За изборите се пријавени 18 кандидатски листи што ги потврди Државната изборна комисија, а право на глас имаат околу милион и 820 илјади граѓани на Република Македонија евидентирани во Единствениот избирачки список.
Социјалдемократскиот сојуз синоќа веќе одржа протестен митинг пред зградата на владата, на кој беа промовирани програмата и носителите на кандидатските листи. Вечер социјалдемократите првите предизборни митинзи ќе ги одржат во Тетово и во Гостивар, додека владејачката коалиција предводена од ВМРО ДПМНЕ, по традиција првата средба со граѓаните во рамките на предизборната кампања ќе ја има во Охрид.