Нови жртви на антивладините протести во Сирија

Антивладини протести во Сирија

Најмалку седум лица загинале вчера во Сирија, во гранатирањето на градот Тали Калах од страна на сириските безбедносни сили. Според изјавата на активисти, нападнати се четири квартови во градот, а бројот на жртвите најверојатно е поголем, но засега се идентификувани седум. Претходно една Сиријка е убиена недалеку од Тали Калах, во обидот да премине во соседниот Либан.
Стотици луѓе во изминатите денови го напуштија овој град од околу 25 илјади жители, по бруталната акција на сириските власти за задушување на бунтот против режимот на претсдеталот Башар ал Асад, кој трае повеќе од два месеца.