Во Гватемала убиени 27 лица

Телата на најмалку 27 лица, повеќето од нив обезглавени, се најдени на еден ранч во северниот дел на Гватемала, познат по многуте нарко картели. Претставник на полицијата изјави дека убиствата се најверојатно поврзани со борбата меѓу ривалските нарко картели за контрола врз тој регион. Северниот дел на Гватемала е важна транзитна линија за криумчарењето на наркотици од Јужна Америка во САД.