Времето денеска променливо со дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни, со засилен ветер и грмежи. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи меѓу 18 и 26 степени.
Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 23 степени.