Чесите освоија бронза на Светското првенство во хокеј на мраз

Хокеарската репрезентација на Чешка го освои третото место на 75-то Светско првенство во хокеј на мраз, кое се одржува во словачкиот главен град Братислава, откако попладнево ја победи Русија со 7:4. Чесите, кои се актуелни светски прваци, годинава ќе мораат да се задоволат со третото место откако по седум победи на турнирот, во полуфиналето не успеаја да ја совладаат репрезентацијата на Шведска.