Дачиќ: Идејата за поделба на Косово е единственото реално решение

Имјаќи ги предвид актулните пречки и состојбата на тапкање во место, идеата за поделба на Косово е единственото реално решение, изјави српскиот прв заменик-премиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ во интервју за приштинскиот весник „Зери“. „Не знам дали Белград и Приштина би се согласиле со тоа, но според мене најреално е територијата на која живеат Срби да остане во составот на Србија, а од друга страна Србија да се согласи делот во кој живеат Албанци да остане во составот на Косово“ вели Дачиќ во интервјуто. Дачиќ е втор висок претставник на властите во Белград по шефот на српскиот тим за преговори со Приштина, Борислав Стедановиќ, кој јавно ја отвора темата за поделба на Косово. Белградскиот весник „Блиц“ во кометар на интервјуто на Дачиќ нагласува дека само до пред една година првиот српски полицаец тврдеше дека поделбата на Косово е табу тема за која Белград воопшто и не размислува.