Покренато обвинение против првиот човек на ММФ

Димик Штраус Кан

Американските власти покренаа обвинение за обид за силување против првиот човек на меѓународниот монетарен фонд Доминик Штраус Кан. Законската постапка следи по обвинениата на 32 годишна вработена во хотелот „Менхетн“, каде Штраус Кан престојувал во апартман за кој се плаќа 3.000 американски долари за вечер. Портпарол на полицијата во Њујорк потврди дека првиот човек на меѓународната организација нема дипломатски имунитет. Бенџамин Брафман, во допис до новинската агенција „Ројтерс“ вели дека Штраус Кан пред судот ќе се изјасни за невин. Шеесет и две годишниот директор на ММФ беше приведен на авион на компанијата „Ер Франс“ на аеродромот Џон Кенеди, неколку минути пред полетување за Париз. Штраус Кан денеска требаше да се сретне со германскиот канцелар Ангела Меркел во главниот град на Франција. Во понеделникот тој требаше да присуствува на состанок на министрите за финансии на земјите членки на Европската унија, каде беше предвидена дискусија за пакетите финансиска помош за Португалија и Грција.