Уапсен првиот човек на ММФ

Доминик Штраус Кан

Шефот на меѓународниот монетарен фонд Доминик Штраус Кан беше уапсен во Њујорк денеска под обвиненија за сексуален напад на собарка во хотел, пишува весникот „Њујорк Тајмс“. Медиумот јавува дека Кан бил уапсен пред заминување за Париз. Повикувајки се на полициски извори, весникот пишува дека првиот човек на меѓународната организација се товари за обид за силување на вработена во хотелот „Тајмс Сквер“. Портпаролот на ММФ во Вашингтон одби да коментира.