Социјалистите прогласија изборна победа во Тирана

Опозициската албанска Социјалистичка партија соопшти дека изборната трка за градоначалник на Тирана ја добил нивиот лидер Еди Рама со тесна разлика од само десет гласови. Според проценките на партијата, Рама освоил 124.597 гласови наспроти неговиот против кандидат демократот Љуљзим Баша кој освоил 124.587 гласови. Социјалистите и нивните коалициони партнери веќе почнаа да ја слават победата.