Двојно убиство во Куманово

Куманово

Четириесет и тригодишниот Т.С од Куманово претпладнево со пиштол ја убил сопругата, 27-годишната Гордана С, а потоа го застрелал и 47-годишниот Марјан Д. во нивниот стан на улицата Драган Стопаревиќ во Куманово. Според, првичните информации од СВР Куманово и Марјан Д. им подлегнал на повредите во општата болница во Куманово. Екипите на СВР се уште вршат увид и се работи на целосно расчистување на случајот. Инаку, Т.С е приведен во полицијата и е под дејство на алкохол.