Обвинувања за изборни манипулации во Албанија

Албанските опозициски социјалисти обвинија за манипулација со гласачките ливчиња во Тирана, со цел што поголем број од нив да се прикажат како неважечки. Пратеникот Ерион Браче, од името на коалицијата „Алијанса за иднината“ ги обвини премиерот Сали Бериша, кандидатот за градоначалник на Тирана, Љуљзим Баша и претседателот на Централната изборна комисија Арбен Ристани за обид за манипулација на процесот на пребројување. Според него, се применува идентично сценарио како и она за парламентарните избори од јуни 2009 година, што е проблем кој ги „урива изборите не само во Тирана, туку и во цела Албанија“.