Иран ќе дозволи транзит на дрога кон Европа?

Техеран

Шефот на иранскиот совет за човекови права Мохамад Џавад Лариџани се закани дека Иран ќе дозволи транзит на дрога за Европа низ својата територија, доколку Западот продолжи да ја критикува состојбата со човековите права во таа земја. Тој додаде дека 74 насто од смртните казни во Иран биле извршени врз луѓе кои илегално пренесувале дрога.