САД шокирани од насилствата во Сирија

Официјален Вашингтон изрази шокираност од острите мерки на владата во справувањето со протестите во Сирија. Портпаролот на Стејт Департментот Марк Тонер изјави дека се намалуваат шансите на сириската влада за да им одговори на легитимните барања на нејзините граѓани. Во меѓувреме, во американскиот Конгрес се интензивираат барањата за поцврста позиција спрема сириската влада. Во поголемите градови на Сирија се разместени тенкови за да ги спречат протестите против режимот на претседателот Башар ал Асад. Во досегашните демонстрации кои траат веќе осум недели загинаа над 850 луѓе.