Јапонската нуклеарка Хамаока престана да работи

Нуклеарката Хамаока

Операторот на јапонската нуклеарна централа Хамаока која е лоцирана во близина на трустното подрачје, југоисточно од Токио денеска ја прекина работата и на петтиот реактор со што таа централа веќе не произведува струја. Премиерот Наото Кан деновиве побара затворање на нуклеарката, осум недели по катастрофалниот земјотерес и цунамито кои ја уништија нуклеарната централа Фукушима по што дојде до најголемата атомска криза во светот во изминативе 25 години.