Лукашенко - за неуспехот на Евровизија виновен е Запад

Евросонг прес конференција по втората финална вечер

Белорускиот Претседател Александар Лукашенко денеска ги обвини западните сили заради тоа што песната на Белорусија синоќа не успеа да се пласира на финалната вечер на Евровизија во сабота.
Песната е насловена како „Ја сакам Белорусија“ и не доби доволно гласови од гледачите на Евровизија. ЕУ има инаку воведено забрана за патување на официјални лица од Белорусија по декемвриските избори на кои Лукашенко го доби 4 мандат, што резултираше со масовни немири, апсења дури и на опозициските претседателски кандидати против кои се водат и судиски процеси.