Египетските власти ја затворија сопругата на Хосни Мубарак

Сузана Мубарак

Властите во Египет наредиле притвор за Сузана Мубарак жена на остранетиот Претседател Хосни Мубарак.
Тој и неговата жена, како што јави египетската агенција МЕНА, биле претходно распрашувани за илегално стекнување на имот и пари.
82 годишниот Мубарак е во болница во Шарм ел Шеик и досега беше испрашуван неколку пати.