Советот за Радиодифузија со прекршочна за А1

Зоран Стефановски

Советот за радиодифузија денеска реши да поведе прекршочна постапка против телевизијата А1 поради прекршување на Изборниот законик.
Анализата на емитуваната програма на ТВ А1 покажала дека во вестите било користено ненаучно и нерепрезентативно испитување на јавното мислење, преку гласање на гледачи преку телефон.
Со ова ТВ А1 го прекрши членот 75 од Изборниот законик и членот 13 од Правилникот за однесувањето на радиодифузерите во периодот пред започнувањето на изборната кампања, соопшти СРД.