Додик сепак ќе го отповика референдумот

Претседателот на Република Српска Милорад Додик, по денешната средба со шефицата на дипломатијата на Европската Унија Кетрин Ештон во Бања Лука, изјави дека ќе побара од парламентот да ја отповика одлуката за контроверзниот референдум. Додик изјави дека добил гаранции од Ештон дека ќе биде земeна предвид загриженоста на босанските срби од судскиот систем во Босна и Херцеговина. На референдумот, кој беше планиран за наредниот месец, босанските срби требаше да се изјаснуваат дали ги подржуваат централните институции, посебно судските, како и дискреционите права на виокиот претставник на меѓународната заедница.