Либијски функционери осомничени за тешки злосторства

Луис Морено Окампо

Обвинителот на Меѓународниот Кривичен Суд, Луис Морено Окампо, изјави дека ќе бара налог за апсење на тројца високи претставници на Либија поради убиства. Тие, според Окампо се осомничени за тешки злосторства за време на протестите во Либија. Сепак, тој не ги соопшти нивните имиња. Судот сега треба да реши дали ќе го прифати барањето на Окампо, ќе го отфрли или ќе бара дополнителни информации.