Македонските психијатриски установи во извештајот на Амнести Интернешнел

Логото на амнести Интернашнел

Фокусот на овогодинешниот извештај на Амнести Интереншнел во однос на Македонија е ставен на катастрофалните услови во психијатриските институции, каде според активистите се врши кршење на човековите права на пациентите. Ромите и Албанците како што е наведено во извештајот се соочуваат со дискриминација и малтретирање од страна на полицијата и другите власти. Се спомнува и дека македонскиот Парламент усвои закон за антидискриминација, кој не ги исполнил стандардите на ЕУ, бидејќи во него не биле вклучени правата на луѓето со различна сексуална определба.
Во однос на Балканот во извештајот е нотиран бавен напредок во обвиненијата за воени злосторства и проблемите во правосудниот систем.