Премиерот на Индија во посета на Авганистан

Манмохан Синг

Премиерот на Индија Манмохан Синг пристигна во Кабул на дводневна посета за време на која ќе се разговара за регионалната безбедност. Народот на Индија силно ги подржува напорите за мировни преговори со талибанците, рече индијскиот премиер пред авганистранските власти. Тој додаде дека авганистанците можат да сметаат на подршката на Индија при обновувањето на нивната земја. Станува збор за прва посета на лидерот во Авганистан по шест години. Од друга страна, авганистанскиот претседател Хамид Карзаи ја има посетено Индија десет пати од 2002 година.