Богдановиќ : Посетата на Стефановиќ на Приштина не е признавање на Косово

Актривисти на движењето за самоопределување денсска го блокираа влезот кон парламентот во знак на незадоволство од посетата на Стефановиќ

Српскиот министер за Косово и Метохија Горан Богдановиќ рече дека посетата на шефот на српскиот преговарачки тим Борко Стефановиќ во Приштина не претставува признавање на независноста на Косово. „Посетата на Стефановиќ е работна и е можност да се покаже на меѓународната заедница дека Албанците и Србите можат да разговараат без посредство на меѓународниот фактор“ рече Богдановиќ.