Додик може да биде отстранет од претседателската функција?

Валентин Инцко

Високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина, Валентин Инцко ја спомена можноста за остранување од должноста на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кого го обвинува за поткопување на Дејтонскиот мировен договор. „Во овие две години колку што сум висок претставник во моментов ја имам најголемата можна поддршка од меѓународната заедница“ изјави Инцко за весникот „Дневни аваз“. „Сите варијатни се можни, вклучувајќи го и остранувањето на Додик од должноста“ додаде Инцко по завршувањето на посетата на САД.