Казна затвор за поранешен стражар во нацистички камп

Џон Демјанјук има 91 година и е неподвижен

Германслиот суд го прогласи за виновен Џон Демјанјук, обвинет за помагање во убиствата во нацистички концентрационен камп. Украинецот на 91 годишна возраст ќе треба да отслужи казна затвор во времетраење од пет години поради тоа што помагал во убиството на 27,900 затвореници, додека бил стражар во кампот во Собибот, во окупираната Полска за време на Втората светска војна. Демјанјук се изјасни за невин и денеска одби да одржи последно обраќање пред судот.