Британија ги покани либијските бунтовници да отворат канцеларија во Лондон

Дејвид Камерон

Британскиот премиер Дејвид Камерон рече дека ги поканил либијските бунтовници кои се борат против режимот на лидерот Муамар Гадафи, да отворат канцеларии во Лондон. Лидерот ја даде изјавата по средбата со Мустафа Абдул Јалил, шефот на бунтовничкиот транзициски совет. Со отворањето на канцелариите ќе се зацементираат контрактите на бунтовниците со Британија, рече Камерон. Обединетото кралство не го следеа примерот на Италија и Франција и го немаат признаено бунтовничкиот совет како легитимна власт во северноафрикансакта земја.