Во Бугарија прислушувани околу 16.000 лица

Бугарските тајни служби прислушувале разговори на околу 16.000 лица, се наведува во извештајот на Поткомисијата на бугарското Народно собрание за контрола на работата на спеџијалните разузнавачки служби. Ова собраниско тело утврдило и дека тајните служни служби ја проверувале електронската пошта на над 50.000 лица, од кои за дури 30.000 немале одобрение од надлежните органи. Врз основа на прислушуваните разговори биле собрани докази во судски процеси против 3.388 лица. Поткомисијата бара засилување на државната контрола врз специјалните разузнавачки служби и ограничување на бројот на субјектите кои имаат пристап до нив.